Помош За компанијата ЦМ ДЕЛТА ДОО ул. Васил Главинов 3/10, 1000 Скопје ЕДБС МК4030005549168 ЕМБС 5986575 Жиро сметка 300 000000028386 44 Регистрација и логирање Регистрацијата на порталот https:/www.loccitane.com.mk/ е многу едноставна. Во долниот дел од страната се наоѓа линкот „Најава/Регистрација“. Со клик на овој линк се отвара нова форма каде се внесуваат сите основни податоци, и на вашата електронска адреса пристигнува потврдна порака за креирање на профилот со корисничко име и лозинка. Со клик на линкот за верификација кој е пратен на вашата електронска адреса се логирате на системот. Најавување на системот се прави преку формата за најава во горниот десен агол и клик на копчето „Најава/Регистрација“, претходно испишувајќи ги коректно корисничкото име и лозинка. Заборавена лозинка Во случај да сте ја заборавиле лозинката за најава на нашиот систем, кликнете на линкот „Ја заборавивте лозинката?“ кој се наоѓа на страната за најава на www.loccitane.com.mk и внесете ја вашата електронска адреса. Веднаш потоа ќе ви биде испратен линк на вашата електронска адреса каде што ќе може да внесете нова лозинка. Како да добивам информации за Вашите новости? Најновите книги може да ги погледнете на сајтот, преку менито „Ново“. Исто така може да се зачлените и да добивате билтени на вашата е-адреса за најновите наслови и промотивни активности. Како да купам L’OCCITANE производ? Секој производ кој е понуден на loccitane.com.mk едноставно можете да го купите. Кога ќе кликнете на самиот производ ќе го добиете описот за него и останатите важни информации. Доколку сакате да купите кликнувате на копчето „Купи“. Подетални информации и објаснувања за тоа како да направите нарачка можете да погледате на https://www.loccitane.com.mk/ Што откако го имам производот во кошничка? По внесувањето на посакуваниот производ во вашата кошничка можете да продолжите со вашата нарачка, односно да направите нарачка на повеќе производи или да продолжите со следните чекори на финализирање на нарачката. Како да платам? Откако сте избрале дека сакате да платите за она што веќе го имате во кошничка, нашиот систем ви нуди можност да изберете начин на плаќање. Можете да платите со платежна картичка или со уплатница. Плаќање со платежна картичка Сите платежни трансакции на https:/www.loccitane.com.mk/ се извршуваат со помош на системот на Комерцијална Банка, кој е овозможен и поддржан од „Casys-cPay “, реномирана компанија за картични трансакции. Заедно со нашите партнери посветени сме на максимална сигурност и доверливост. Поддржаните картички во нашиот систем се сите типови на Visa, Master Card или Целата трансакција се одвива електронски, сигурно и брзо. Пред внесувањето на бројот од кредитната картичка пренасочени сте на сигурна веб страна на банката, каде што се внесува бројот и се потврдува трансакцијата. Притоа податоците се чуваат во согласност со највисоките банкарски критериуми за безбедно работење. Се внесуваат потребните податоци како: името на имателот на картичка, датум на истекување на истата (месец и година), бројот на картичката и троцифрениот код кој се наоѓа на задната страна на вашата платежна картичка. Потоа потребно е да потврдите дека сте сигурни дека го купувате производот со јасно назначена цена и добивате потврда за успешно извршената трансакција. Доколку не сте добиле потврда за успешна трансакција: Проверете дали картичката со која го вршите купувањето е важечка платежна картичка и дали поддржува интернет купување; 2. Проверете дали имате доволно средства на платежната картичка, со цел купувањето да може да се изврши; 3. Проверете дали сте ги пополниле сите празни полиња при пополнување на податоците за плаќање. 4. Доколку веќе го имате проверено горенаведеното и понатаму не можете да ја купите посакуваната понуда, проблемот е најверојатно од техничка природа од страна на „Касис“ , па затоа ве замолуваме да не известите на: info@cmdelta.mk