Општи услови Добредојдовте на Loccitane.com.mk Со Вашиот пристап во е-продавницата, се согласувате со општите одредби наведени подолу. Ве молиме прочитајте ги внимателно. Loccitane.com.mk претставува интернет платформа за екслузивна продажба на козметичките производи од трговската марка L’OCCITANE. ЦМ ДЕЛТА ДОО е единствен овластен дистрибутер и увозник на производите од трговската марка L’OCCITANE за територијата на Република Северна Македонија, и е сопственик на интернет платформата loccitane.com.mk Заштита на лични податоци Заштитата на личните податоци е опишана во делот Заштита на лични податоци. Електронска комуникација Со вашата посета на loccitane.com.mk или со испраќање на е-порака, воспоставувате електронска комуникација со нас. Од наша страна може да добиете повратен одговор преку е-порака и/или известувања кои ќе бидат прикажани на веб страната. Преносот на податоците се врши на серверот на loccitane.com.mk Со регистрација на веб страната, стекнувате можност да бидете известувани за нови колекции, промоции, акции и други новости. Доколку не сакате да ги добивате овие информативни билтени, не вршете регистрација, или доколку сте веќе регистрирани а повеќе не сакате да добивате известувања, испратете известување со барање за прекин на регистрацијата. Регистрираните членови на loccitane.com.mk се согласуваат да добиваат информативни и промотивни билтени. Вашето корисничко име и лозинка Со најавување на loccitane.com.mk, Вие сте одговорни за сигурно чување и тајност на Вашето корисничко име и лозинка, за ограничен влез преку Вашиот компјутер или друг уред, и се согласувате да ја преземете одговорноста за сите активности кои ќе се одвиваат со Вашето корисничко име. Лица под 18 годишна возраст можат да ги користат услугите на loccitane.com.mk единствено со придружба на родител или старател, кој одговара за плаќањето со неговата/нејзината дебитна или кредитна картичка. Употреба на лични податоци Примарна цел при прибирање на личните податоци е да Ви обезбедиме сигурно, лесно и ефикасно искуство. Loccitane.com.mk никогаш нема да побара од Вас единствен матичен број, број на лична карта или друг доверлив податок. Согласни сте дека можеме да ги користиме Вашите лични податоци (име, презиме и електронска пошта) за: да Ви овозможиме услуга и поддршка за активностите поврзани со оваа веб страна, и купувањето на оваа веб страна; решавање на барања, или решавање на проблеми во врска со користењето на веб страната и/или производите во неа; прилагодување, мерење и подобрување на нашите услуги и содржина на веб страната; Коментари, прегледи и друга содржина Посетителите можат да објавуваат искуства, забелешки за производите или да објават идеи, коментари, прашања или други информации; содржината на истите мора да биде во рамки на законите, незаканувачка, ненавредлива или повредувачка кон трети лица. Коментари со политичка содржина, масовни пораки, реклами итн., категоризирани во „spam“ се забранети. Loccitane.com.mk ќе ги отстрани сите пораки за кои смета дека не придржуваат во горенаведените категории. Опис на производот Сите описи на понудените производи кои се објавени се гарантира дека се комплетни, точни или без грешки (тука не спаѓаат печатни грешки). Истите може да бидат објавени на Македонски или на Англиски јазик. Доколку производот понуден и добиен од loccitane.com.mk не е во согласност со описот, Ваше право е да го вратите неоштетен и неупотребен. Цени Сите цени на сајтот се изразени во денари и вклучуваат 18% ДДВ. Цената на производите не ги вклучува трошоците за испорака (пакување, дистрибуција, превоз, достава итн.) Трошоците за испорака се прикажуваат во вашата кошничка пред потврдување на нарачката и извршување на плаќањето. Како и да е во различни временски периоди, и за различни ценовни категории, испораката може да биде бесплатна. Авторски права Сите содржини на овој веб портал, како текст, слики, логоа, дигитални превземања итн. се во сопственост на L’OCCITANE и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со закон. Ограничување од одговорност Loccitane.com.mk ги презема сите расположливи мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на веб страната. Како и да е, хакерски напади, компјутерски вируси и слични незаконски активности од трети страни се можни, иако сите мерки на претпазливост и сигурност од наша страна се превземени; Во таква ситуација и Вие би биле засегнати. Вие се согласувате да ја употребувате оваа веб страна на сопствен ризик. Loccitane.com.mk не обезбедува гаранција или враќање на производи и/или парични средства за производи кои не се купени во рамки на продажната мрежа на L’OCCITANE во Северна Македонија, или од оваа веб страна. Важечко законодавство Со посетата на loccitane.com.mk се согласувате со овие општи одредби, политиките дефинирани во овие општи одредби за кои важат законите на Република Северна Македонија. Политики и измени Ве молиме погледнете ги нашите политики, поставени на оваа веб страна. Овие политики исто така нудат одредби кои се однесуваат на посетата на веб страната. Loccitane.com.mk го задржува правото да прави промени на веб страната, политиките и општите одредби во кое било време Адреса: ЦМ ДЕЛТА ДОО. ул. Васил Главинов 3/10, 1000 Скопје, Северна Македонија ЕМБГ: 5986575 ЕДБГ: МК4030005549168 Содржина на коментари Се препорачува коментарите на loccitane.com.mk да бидат во согласност со содржината на веб страната. Препораки и правила за коментарите: Најдобро е да се внесуваат коментари кои го изразуваат личното мислење, искуство или задоволство на корисникот во однос на одреден производ, напишани на културен и разбирлив начин; Се забранува навредливо критикување на личното мислење на друг корисник; Не се дозволени коментари кои содржат навредливи содржини во однос на расна, етничка, полова, партиска или религиозна припадност. Електронска сметка и фискална сметка Со секоја успешно извршена нарачка и уплата од системот на loccitane.com.mk по електронска пошта ќе добиете електронска сметка. При испораката на производите, купувачот ќе добие фискална сметка која се смета за законски важечка. Електронската сметка служи за потврда и регистрација на купувањето и нарачката. Во случај кога купувањето е извршено од правно лице кое има потреба од испечатена фактура (со печат и потпис), истата ќе може да ја добие со испраќање на барање до ЦМ ДЕЛТА ДОО. Претходно наведените правила се воведени за што поуспешна соработка и комуникација со нашите корисници како и добра интеракција меѓу корисниците.