Политики на враќање производи Loccitane.com.mk обезбедува враќање на производи и парични средства единствено за производите кои се купени и платени од www.loccitane.com.mk под следните услови: – Производот, неотпакуван и неупотребуван може да се врати во рок од 7 дена, заедно со приложената сметка и испратница и истиот може да се замени со нов.Во овој случај, Ве молимe да не информирате за Вашето барање и да го доставите на адреса: ЦМ ДЕЛТА ДОО., ул. Васил Главинов 3/10, 1000 Скопје, или со испратен допис на info@cmdelta.mk – Во случај да барате враќање на паричните средства, тоа можете да го остварите само доколку производот го вратите неупотребуван и во оригиналното пакување, со приложена сметка и испратница во период од 7 работни дена од приемот на производот.Паричните средства ќе Ви бидат вратени на истата банкарска сметка која сте ја користеле при плаќање на производот, со задршка на трошоците за банкарски провизии, пакување и дистрибуција , во рок од највеќе 14 работни дена. -Во случај кога ќе се забележи дека производот е користен, отпакуван (изваден од амбалажа) или е оштетен од страна на купувачот, тогаш замена или поврат на средства не може да се оствари. Loccitane.com.mk има резервирано право да ја менува политиката за враќање на производи и парични средства. Сите промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страната www.loccitane.com.mk Нашата политика за враќање на производи и парични средства е достапна на нашата веб страна. Ви препорачуваме при секоја посета на веб страната да ги погледнете објавените измени од политиката за враќање.