L'OCCITANE | Award-Winning Natural Skin Care & Beauty Products
L'OCCITANE работи директно со повеќе од 130 француски фармери и 10.000 берачи - од полињата со смиљ во Корзика до полињата со лаванда во Прованса - за да обезбеди дека состојките што ги користиме се највисок квалитет и добиени на најодржлив начин.
Брендот L’OCCITANE ја гледа природата како пример и ја влече својата инспирација од природните својства на растенијата за да создадеме иновации. ПОсветени сме на создавање долгорочни партнерства со нашите производители и даваме приоритет на кратки, локални канали на обезбедување на нашите главни состојки.
Доколку е возможно ние тежнееме локално да ги набавуваме состојките, со цел да фо намалиме нашиот карбонски отпечаток и да ги поддржиме локалните бизниси, и да го поддржиме регионот. Секогаш даваме приоритет на мали, интегрирани мрежи со цел да обезбедиме додадена вредност за производителот и да имаме целосна контрола на следењето на екстрактите, од семиља се до завршениот производ.
Нашата работа подразбира да го почитуваме и човекот и околината. Не правиме компромиси во поглед на заштита на загрозените видови или умешноста на заедницата. Ние не го патентираме начинот на користењето на состојките кои се засновани на традиции, туку правиме тестови за ефикасност и работиме на комбинации на состојки со цел да ги задоволиме козметичките потреби.
За нашите главни состојки, градиме вистински партнерства кои се зајакнуваат, со повеќегодишни договори со производителите. Овие договори им гарантираат минимален обем на продажба, што ги обезбедува дека имаат доверлив, долготраен пласман на својот производ, по цена која е договорена помеѓу сите страни. Праведноста на нашите партнерства во сите наши партнерства. Неколку од нашите ланци на испорака ( шеа путер, арганово масло, цветна вода од цвет од портокал) се добиени од одобрена фер размена од кои донираме дел од куповната цена на суровите материјали кон локални проекти за развој.
Начинот на растење, берење, сушење и условите на чување сите влијаат на чистотата на растителните материјали. Го гарантираме нивниот квалитет преку спецификации кои се составуваат од нашите аналитички, квалитативни и регулаторни оддели, и со помош на нашите технички партнери на теренот. Најголем дел од нашите клучни состојки се добиени од органско потекло, за да гарантираме отсуство на хемиски додатоци. Берењето на диви растенија се контролира според насоки за одржливо берење, за да се заштити целоста и живеалиштето на овие растенија.
Програмата за широка органска плантација на смиљ беше започната на Корзика. Иницијативата ги обединува почитувањето на околината со еднаквоста. Денес, овој проект ги обединува десетте производители/дестилерии од Корзика, кои користат органски методи на земјоделство и имаат договори кои ги обезбедуваат пет до седум жетви.
О.Бусон, Основачот на брендот L'Occitane, го откри маслото од шеа во Буркина Фасо во 1980 година: почеток на одржливо партнерство за заеднички развој со жените кои го произведуваат ова масло. Од 2015 година, L'Occitane работи на проекти со цел заштита на шеа дрвото и намалување на еколошкиото влијание од производството на масло од шеа.
Во L'OCCITANE се обидуваме да користиме висококвалитетни природни состојки со познато потекло. Користиме повеќе од 200 ботанички состојки, четвртината од нив со органски сертификат, кои се внимателно одбрани поради нивната ефикасност и способноста да и ги обезбедат на вашата кожа потребните елементи за таа да биде прекрасна. Затоа, кога е можно, даваме предност на природните состојки. Откријте ги клучните природни состојки кои прават производите на L'Occitane толку уникатни. Бадем од Прованса, Масло од Шеа путер од Буркина Фасо... сите со етичко потекло!
Сакате да ги примате сите новости и промоции за нашите производи. Пополнете ја вашата е-пошта тука